Научниците го скицираа вистинското лице на Исус? (фото)

Сподели со своите пријатели

Во многу култури, Исус Христос најќесто е опишан како значајно висок, слабичок, со долга, светлосмеѓа коса, светла кожа и очи. Колку и да ви е позната оваа слика за него, дефинитивно е погрешна, барем така тврдат експерти.

Loading...

Личноста со овие црти на лицето и физички карактеристики значително би се разликувала од останатите од делот каде живеел Исус. Сигурно авторите на „Библијата“ би го споменале тој голем контраст.

Повторно се наметнува прашањето како Христос изгледал, поради фактот што никаде во Новиот завет не се појавува неговиот опис, ниту се пронајдени било какви цртежи кои тоа би го прикажале.

Освен тоа, се јавува и проблем со непостоење на скелет или некој друг вид на остаток кој би можел да се испита. Во недостаток на докази, физичкиот изглед на Исус Христос останал само на фантазијата на умот на уметникот низ вековите.

Меѓутоа, научното поле на форензичката антропологија може да даде одговор.

Isus

Користејќи методи слични на оние кои полицијата ги користи за разветлување на злочини, британските научници во соработка со изарелски археолози, рекреирале фотографија за која веруваат дека е најверодостоен приказ на најпознатото лице во човековата историја.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.