„Испливаа“ непознати детали за првиот човек на Месечината (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Зошто човекот кој стапнал на Месечината кој ја изговорил сега познатата реченица „Ова е мал чекор за човекот, но голем за човештвото“ избегнувал појавување во јавноста и се она што го подразбира теретот на популарноста – открива новата книга посветена на мистериозниот американски астронаут.

Loading...

Армстронг видел вонземјани?

Марк, синот на Нил Армстронг, вели дека неговиот татко дневно добива илјадници писма иако не сакал популарност. Вториот син, Ерик, додава дека Нил не се гледал себе си како американски херј. Слично тврди и Џејмс Хенсен, автор на неговата биографија.

– Никогаш не сум запознал човекот како што е Нил. Не беше егоист и не го интересираше да заработи на она што го направи. Неговата тогашна жена Џенет, не забележуваше никакви промени. За неа беше ист, стариот Нил кој се врати од Месечината, објаснува Хенсен.

Иако се наизглед било вообичаено, мисијата во 1969 година сепак драматично го променила животот на семејството Армстронг.

Го натера Олдрин над Библија да се заколне дека бил на Месечината, астронаутот го удри (ВИДЕО)

По враќањето од познатата експедиција, Нил се обидува да живее обичен живот стравувајќи дека она што го направил би можело да влијае на неговите најблиски. Се плашел за животите на своите синови марк и Ерик, поучен од искуството на колегата пилот Чарлс Линдберг,  човекот кој прв го прелета Атлатикот. Имено, синот на Лидберг, стар 20 месеци бил киднапиран и од него биле барани 50.000 долари. Кога откупот бил платен, детето било вратено мртво. Таа несреќна приказна започнала да го оптеретува и семејството Армстронг.

Неговиот син марк вели дека знаел оти на семејството му биле упатувани закани.

Loading...

– Тато бегаше од популарноста затоа што не сакаше на брат ми и мене да ни се се случи она што се случи со синот на Чарлс Линдберг, вели тој.

РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕ: Дали Американците слетале на Месечината?

Нил Армстронг почина во 2012 година на 82та година од животот.

Во втората половина на јули ќе се навршат 50 години откако Нил Армстронг прв стапна на Месечината во емисијата „Аполо 11“.

View this post on Instagram

Legend at work. ?

A post shared by Neil Armstrong (@neilarmstrongofficial) on

Мисијата се спушти на сателитот на Земјата на 20 јули 1969 година, а шест часа по слетувањето Нил Армстронг стана првиот човек кој чекорел на површината на Месечината.

Армстронг нешто повеќе од два часа минал надвор од леталото со кое управувал Мајкл Колинс. Баз Олдрин, астронаутот кој со Армстронг тргнал во мисијата, шетал нешто пократно, а заедно собрале 25 килограми материјали и се вратиле на Земјата.

МИСТЕРИЈА: Двајца астронаути пред 49 години слетале на Месечината, но кој ги фотографирал заедно?

Астронаутите зад себе оставиле американско знаме, плича во знак на сеќавање на паднатиот екипаж од мисијата „Аполо 1“ и плочка од нозе на лунарниот модул „Орел“.

Loading...

Фото:YouTube printscreen  / NASA

Leave a Reply