Армстронг видел вонземјани?

Сподели со своите пријатели

Астронаутот Нил Армстронг пренел порака до контролата на мисија во главниот центар на НАСА дека два големи, тајанствени објекти ги набљудувале откако слетале на природниот сателит на Земјата, а на тоа укажуваат извештаи за комуникацијата на Американската агенција за истражување на вселената и астронаутите од Месечината.

И покрај тоа што звучи како сценарио за научнофантастичен филм, се повеќе се зборува за тајни зивештаи и транскрипти помеѓу главниот центар на НАСА и Армстронг.

Интересни детали за тоа со што астронаутите наводно се соочиле на Месечината потенуваат од интервју на неименувал професор и Нил Армстронг кое настанало на еден симпозиум на НАСА.

АСТЕРОИД КОЈ ГИ ЗБУНИ НАУЧНИЦИТЕ: Вакво нешто се уште немаат видено!

Loading...

Во тоа интервју професорот го испрашува Армстронг што навистина таму се случувало, на што тој вели: „Беше неверојатно, секако, отсекогаш сме занеле дека постои можност, фактот е дека бевме предупредени. Никогаш немаше некакви прашања за вселенската станица или градот на Месечината“.

На прашањето на професорот како тоа мисли дека биле предупредени, Армстронг вели: „Не смеам да влегувам во детали, но можам да кажам дека нивните бродови беа далеку посупериорни во однос на нашите и по големината и според технологијата. Беа големи и заканувачки“.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Група од 38 виетнамски туристи исчезна во Јужна Кореја

 

Во тајните извештаи, како што рекол физичарот и професор по математика на Универзитетот во Москва, Владимир Азхазха, постојат многу интервјуа и документи кои укажуваат на тоа дека е можно астронаутите од „Аполо“ всушност да се соочиле со вонземски суштества и НЛО кога ја истражувале површината на Месечината.

– Нил Армстронг пренел порака до контролата на мисијата дека два големи, тајанствени објекти ги набљудувале откако слетале на Месечината. Но, неговата порака никогаш не се слушнала во јавноста, затоа што НАСА ја цензурирала, рекол тој.

Истражување открива како би реагирало човештвото доколку пристигнат вонземјани

Според зборовите на бројни избори, Армстронг тврдел дека вонземјаните биле присутни на Месечината и дека на астронаутите им е наредено да одат, а многу истражувачи на НЛО тврдат дека дури и снимиле чудни структури и градби и сите детали ги пријавил до контролата на мисија, која намерно ги цензурирала информациите за да се спречи хаосот и паниката меѓу жителите на Земјата.

Leave a Reply