Исланд, земја на најмирољубиви жители, еве каде е Македонија

Сподели со своите пријатели

Според Глобалниот индекс за мир за 2019 година, Исланд е најмирна земја во светот.

Loading...

Европа ја одржува својата позиција како најмироубив регион во светот, што го одржува секоја година.

Блискиот исток и Северна Африка се најмалку мирни региони.

Во 2019 година, просечниот резултат на Глобалниот индекс за мир генерално се подобри, за прв пат во последните пет години, за незначителни 0,09 проценти, така што 86 земји се здобија со подобри позиции во листата на земји каде живее мирно население.

Некои од земјите исто така забележаа пад на списокот.

Исланд е сè уште најмирољубивата земја во светот и е на оваа позиција е уште од 2008 година.

На врвот на листата им се придружија Нов Зеланд, Австрија, Португалија и Данска. Бутан бележи најголемо подобрување.

Авганистан е на последното место на списокот на мирни земји, на 163-то место.

Loading...

Македонија на 65то место во светот

Македонија е на 65то место во светот, Србија е рангирана на 50-то место, Босна и Херцеговина е 81-та, а Хрватска на 28-то место.

Кога станува збор за Европа, Македонија е на 31 место.

– Имаше мешани резултати за меѓународните односи во регионот минатата година. Во однос на односите со соседните земји, додека новонаречената Северна Македонија го започна пристапниот процес за НАТО во почетокот на 2019 година, Велика Британија продолжува да се бори со својот план за излегување од Европската унија, пишува во извештајот за регионот на Европа.

Image by Dimitris Vetsikas from Pixabay

Македонија трета година по ред бележи подобрување на резултатите, па така имаме скок од 23 позиции, и моментално го има најдобриот индекс од постоењето на овие мерења.

Вкупно 11,6 проценти од подобрувањето е во доменот на конфликтите, 33,3 проценти како резултат на подобрување на добрососедските односи, за безбедноста имаме подобрување од 4,3 отсто и борбата против насилен криминал 2 до 2,5 проценти.

Loading...

Сепак Македонија нема промени кога станува збор за перцепцијата на криминал, што е оценето како најслаба точка.

Leave a Reply