Исланд би можел може да влезе во ЕУ! Предвремените избори денеска се клучни!

Сподели со своите пријатели

Исландските гласачи ќе излезат на предвремени парламентарни избори во сабота, по кои земјата повторно би можела да одлучи за членство во Европската унија, што со години предизвикува големи поделби во јавноста.

Loading...

Прашањето за можно членство во ЕУ беше поставено во предизборната кампања за прв пат по повеќе од десет години, а анкетите покажуваат дека гласачите ги поддржуваат проевропските партии.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека членството во ЕУ стана попопуларно и го поддржуваат нешто повеќе од 45 отсто од гласачите.

Против се 35 отсто од гласачите, а останатите се неопределени.

Поддршката за влез во ЕУ, според анкетите, до неодамна беше многу помала.

Пресвртот делумно се припишува на кризата со високи трошоци за живот, бидејќи некои веруваат дека членството во ЕУ може да ја поттикне економијата со намалување на трговските бариери и дека приклучувањето кон еврозоната би ја намалило нестабилноста на девизниот курс.

„Состојбата на економијата е секогаш она што го поттикнува прашањето за членство во ЕУ“, рече Еирикур Бергман, професор по политички науки на Универзитетот Бифрост во Исланд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Биткоинот ја надмина вредноста од 100.000 долари за прв пат во историјата

„Инфлацијата и каматните стапки во Исланд се релативно високи и тоа секогаш го враќа прашањето на еврото во фокусот.

Loading...

Економијата на Исланд, исто така, беше погодена од серија вулкански ерупции, кои принудија илјадници луѓе да ги напуштат своите домови, ја оштетија инфраструктурата и предизвикаа пад на туризмот.

И покрај тоа што не е членка на ЕУ, Исланд е дел од единствениот европски пазар, Шенген зоната без внатрешни граници и Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА).

Свртувањето кон поддршка за членство во ЕУ може да биде последица и на војната во Украина.

„Луѓето гледаат во светот и мислат: „Што е со нас? Дали треба да бидеме повеќе поврзани со нашите сојузници?“, рече Јон Штајндор Валдимарсон, поранешен пратеник и ко-основач на проевропската либерална партија реформи.

Референдум за ЕУ

Исландскиот премиер Бјарни Бенедиктсон го распушти парламентот во октомври и распиша избори за 30 ноември, наведувајќи ги несогласувањата во владејачката тричлена коалиција во која беа вклучени неговата Партија за независност, Прогресивната партија и Левиот зелен сојуз. Опозициската Реформска партија, која води во анкетите со околу дваесет проценти од гласовите, што е исто колку и социјалдемократите, сака да организира референдум за членство во ЕУ доколку победи на изборите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Падна владата во Франција: Премиерот Барние денеска поднесува оставка, Макрон ќе се обрати на нацијата

Но, социјалдемократите сметаат дека референдумот би бил предвремен и може да предизвика поделби во земјата.

„Не сакам да се ставам во позиција да одржам референдум за продолжување на преговорите со ЕУ, каде што 52 отсто од гласачите ќе кажат „Да“ и 48 отсто „Не“, изјави лидерот на социјалдемократите Криструн Фростадотир за Ројтерс. .

Последните истражувања на јавното мислење покажуваат дека двете партии заедно би можеле да добијат 40 отсто од гласовите.

Loading...

Валдимарсон рече дека ако формираат коалиција по изборите, референдумот за првиот чекор кон членство во ЕУ може да се одржи во рок од четири години.

Позитивен исход би довел до преговори за членство во ЕУ, по што граѓаните би се изјасниле дали навистина сакаат официјално да влезат во ЕУ или не.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европската комисија стапи во функција во услови на внатрешни и геополитички тензии

Исланд поднесе барање за членство во ЕУ во 2009 година по финансиската криза, но преговорите за пристап беа прекинати во 2013 година.

Владите тешко преживуваат

Во последните две децении, исландските гласачи се познати по тоа што ги критикуваат владите.

„Во тој период тие гласаа против владата на сите избори освен на еден“, изјави за АФП Олафур Хардарсон, професор по политички науки на Универзитетот во Исланд.

Исклучок е Катрин Јакобсдотир од Лево-зеленото движење, која остана на функцијата по изборите во 2021 година, откако гласачите го пофалија нејзиното справување со епидемијата Ковид-19, вели експерт.

Нејзиниот наследник Бенедиктсон ја презеде функцијата во април 2024 година, откако Јакобсдотир одлучи да се кандидира за претседател, но ги загуби тие избори.

Хардарсон рече дека исландските гласачи се особено нестабилни и дека „на последните четири избори во Исланд, меѓу 40 и 50 отсто од гласачите ги менувале партиите помеѓу изборите“.

Loading...