Ископале тунел долг 500 метри: Како пропадна грабежот на векот? (видео)

Сподели со своите пријатели

Полицијата во Сао Паоло спречила грабеж на една од најголемите бразилски банки и привела 16 лица.

Портпаролот на полицијата Фабио Пинхеиро Лопез изјавил дека групата која планирала грабеж изнајмила куќа одалечена 500 метри од банката, од каде претходните три месеци ја следеле ситуацијата.

Недела дена копале тунел долг 12 метри за да избегаат од затвор

Loading...

Лопез додал дека акцијата за приведување била организирана кога бандата го завршила ископувањето на тунелот.

– Планирале да украдат околу 317 милиони долари. Да успеаја, тоа ќе беше најголемиот грабеж во светот, рекол Лопез.

Групата на тунелот и осветлувањето во него потрошила скоро 1,3 милиони долари.

Кина изгради најдлабок тунел под морското дно (видео)

Поедини членови на групата во 2005 година ископале тунел долг 75 метри и од Централната банка во Фоталеза украле 70 милиони долари.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.