Исчистени одроните на патот Маврово – Дебар, сообраќајот нормализиран

Сподели со своите пријатели

Исчистени се одроните што во текот на ноќта паднаа на патот Маврово – Дебар поради што неколу часа имаше забарана за сообраќај за сите видови возила во двата прваца.

Loading...

АМСМ соопшти дека сообраќајот на овој патен правец изутринава е целосно нормализиран.

Сообраќајот на другите државни патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од 15.11.2020 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сашо Арсовски

Leave a Reply