Исчезна 41-годишната Љиљана од кумновско Добрача

Сподели со своите пријатели

Четириесет и едногодишна жителка на селото Добрача во општинта Старо Нагоричане се води за исчезната од вчера.

Loading...

– На 19.07.2021 година во СВР Куманово, Д.С.(19) од село Добрача, општина Старо Нагоричане, пријавила дека нејзината мајка Љ.М.(41) се оддалечила од домот, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Од информацијата која вчера беше доставена од наши читатели, станува збор за Љиљана Милановска кој последен пат била видена вчера околу 07:00 часот кога излегла од својот дом во селото Добрача и од каде и се губи секаква трага. Нејзиниот мобилен телефон е исклучен.

Доколку некој ја забележи семејството повикува да се јавите на бројот 077 618 709, во најблиската полициска станица или на бројот 192.

Во меѓувреме од СВР Куманово, велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Никола Ивановски

Leave a Reply