Иранците слават, Израел подготвува одмазда

Сподели со своите пријатели

Израел би можел да изврши напади врз нафтени и други стратешки објекти во наредните денови како одговор на ракетните напади од Иран, пишува Аксиос, цитирајќи израелски официјални лица.

Loading...

– Израелските власти соопштија дека Израел ќе изврши „значаен удар“ во рок од неколку дена, најверојатно насочени кон капацитетите за производство на нафта и други стратешки локации. Доколку тоа се случи, израелските власти велат дека „ќе се разгледаат сите опции, вклучително и нападите врз иранските нуклеарни постројки“, пишува порталот.

Одлука за конкретни израелски одмазднички чекори сè уште не е донесена, бидејќи земјата сака да ги координира со САД.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  18 убиени во израелскиот напад на бегалскиот камп Тулкарем

Претходно прес-службата на израелските одбранбени сили (ИДФ) објави дека Иран истрелал околу 180 проектили кон Израел, од кои многу биле пресретнати, а Иранците ги прославиле нападите пред британската амбасада во Техеран.