Иран обеси врвен студент. Го мачеле додека не признал „шпионажа“

Сподели со своите пријатели

Иранските власти денес го погубија Ерфан Шакурзаде, 29-годишен дипломиран студент во Техеран, под обвинение за шпионажа.

Како што објавува Гардијан, Шакурзаде бил обесен откако бил прогласен за виновен за соработка со американската ЦИА и израелскиот Мосад, според соопштението од официјалниот портал на иранското судство, Мизан Онлајн.

Врвен студент кој беше мачен сè додека не призна

Здружението за човекови права со седиште во Норвешка, Иран Хјуман Рајтс (ИХР), наведува дека младиот човек бил студент на престижниот Универзитет за наука и технологија во Техеран.

ИХР го опишува како „врвен студент“ кој, за време на престојот во затвор, бил сместен во самица, систематски мачен и конечно принуден да дава лажни признанија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп го отфрли одговорот на Иран на мировниот предлог

Пред самото погубување, Шакурзаде успеа да испрати последна порака во која решително ги отфрли сите обвинувања.

Тој тврдеше дека доказите против него се целосно измислени и дека обвинувањата за соработка со странски разузнавачки служби биле подметнати против него.

Петта егзекуција за шпионажа од почетокот на конфликтот

Ова е веќе петто лице егзекутирано од Техеран по обвинение за шпионажа откако војната меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга страна започна кон крајот на февруари.

Со ваквите потези, иранските власти јасно испраќаат остра порака до домашната јавност, од која мнозинството, според аналитичарите, се против исламистичкиот режим.