Иранските вооружени сили ќе го таргетираат срцето на Израел доколку го направат и „најмалиот потег“ против Исламската Република, изјави претседателот Ебрахим Раиси на воената парада во понеделникот.
„Ако направите и најмал потег против нашата земја… дестинацијата на нашите вооружени сили ќе биде срцето на ционистичкиот режим“, рече Раиси во телевизискиот говор.
Израел, кој Исламската Република одбива да го признае, вели дека нема да го прифати нуклеарниот Иран, додека Техеран и светските сили се обидуваат да го оживеат нуклеарниот договор од 2015 година.
Скоро една година индиректни разговори меѓу Техеран и Вашингтон беа прекинати минатиот месец.
Израел вели дека нема да биде обврзан со никаков договор и на крајот би можел да преземе еднострана акција против иранските нуклеарни локации.