Жителите на областа Луганск во источна Украина се повикани на итна евакуација.
„Следната недела може да биде тешка. Ова може да биде последна шанса да ве спасиме“, рече шефот на регионалната управа на Луганск, Сергеј Гаидаи, цитиран од Би-Би-Си.
ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Жена во Харков оди по улица, а гранати паѓаат на неколку метри од неа (ВИДЕО)
Во фокусот на руските сили е окупацијата на Луганск и Доњецк, кои се дел од регионот Донбас во источна Украина, област богата со јаглен во која се произведува и челик, се наведува во извештајот на украинската новинска агенција УНИАН.
Непосредно пред почетокот на војната во Украина, официјална Москва ја призна независноста на самопрогласените републики Доњецк и Луганск (ДНР и ЛНР) во областа Домбас во источна Украина.

