23.02.2017 22:23

Ирачко воздушно бомбардирање врз силите на ИСИЛ (видео)


Ирачката војска соопштува дека го заземала аеродромот во Мосул, кој борците на Исламската држава Ирак и Левант (ИСИЛ) го држеле веќе подолго време.

Видеото кој е снимен пред два дена покажува како силите на Ирак фрлаат бомби од воздухот врз, како што се наведува, позициите на ИСИЛ во близина на аеродромот. На снимката може да се види селото Албу Саиф, само неколку километри од аеродромот, кој ирачката војска го зазела на 21 месецов.

Претходно државната телевизија објавила дека ирачките безбедносни сили со поддршка на САД започнале офанзива на аеродромот во Мосул во близина на воената база.

Нашите сили за брза реакција, сојузната полиција и противтерористичките сили зпаочнаа операција за заземање на аеродромот во Мосул и воената база Ал-Газлани – се наведува во соопштението.

Од протерувањето на припадниците на ИСИЛ од источен Мосул минатиот месец, ирачките сили настојуваат да го освојат аеродромот и воената база во јужните делови од градот, за да го употребуваат како појдовна точка за освојување на западниот дел на Мосул.

Аеродромот се наоѓа во западниот дел, кој е последното големо упориште на припадниците на ИСИЛ.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments