Интересни факти за Ајфеловата кула кои сигурно не сте ги знаеле

Сподели со своите пријатели

Ајфеловата кула во Париз е изградена во 1887 година, поточно на 28-ми јануари. Изградбата претставувала завршеток на подговотовките за Светската изложба „ Exposition Universelle “ во 1889 година.

Loading...

Ајфеловата кула официјално била пуштена за посетители на 6-ти мај 1889 година. Градена е две години, два месеци и пет дена во спомен на стогодишнината од Француската револуција.

Во наредните редови прочитајте кои се тоа интересни факти кои се врзуваат за едно од најпопуларните светски зданија.

Густав Ајфел не бил идејниот творец на Ајфеловата кула. Стуктурните пресметки и дизајнот ги изработил Морис Кешлен, но за жал никогаш не добил соодветно признание. Дури и самиот Ајфел не бил одушевен со оваа идеја, но сепак го испратил главниот инжинер Стивен Суивестер и благодарејќи на неговите препораки Ајфел одлучил да го купи патентот.

Во изградбата на Ајфеловата кула учествувале 300 работници, потрошени биле 18.038 парчиња железо, 2,5 милиони шрафови, а самата кула тежи 10 илјади тони.

Ајфеловата кула е висока 3.240 метри со поставена телевизиска антена, а до самиот врв има 1.710 скалила.

Планот бил по 20 години истата да биде срушена. Самата структура на кулата не била планирана како постојана. На крајот градот Париз одлучил да ја задржи затоа што била значајна радиотелевизиска станица, а не поради тоа што е убава или препознатлива.

Се до 1930 година Ајфеловата кула била највисоката градба во светот. Четириесет и една година кулата била највисока во светот, се до изградбата на Крајслеровите згради во Њујорк во 1930 година.

Loading...

Eiffel-Tower_how-to-get-there_12

Веднаш по завршување на изградбата на кулата лифтовите не биле фунцкионални. Околу 30 илјади посетители морале да се качуваат во 1.710 скалила до врвот на кулата, а лифтовите проработеле дури на 26-ти мај.

Во почекотот парижаните ја мразеле Ајфеловата кула. Во веснциите испраќале многу протестни писма во кои зборувале дека челичната конструкција не се вклопува во изгледот на Париз.

Висината на Ајфеловата кула варирала во текот на годината. Во лето висината се зголеми за 17,2 сантиметри, причината е тоа што е изградена од челик, а во зима се намали за 15 сантиметри додека е поладно времето.

Доколку дува ветер кулата се помера за пет до седум сантиметри.

Постојат повеќе од 40 реплики ширум светот. Вклучувајќи ја и на половина помалата верзија во Лас Вегас и репликата во иста големина изградена во Токио.

hith-eiffel-tower-iStock_000016468972Large

Ајфеловата кула играла важна улога во Првата светска војна. Кулата пресретнала многу непријателски радио комуникации. Во текот на Втората светска војна за малку ќе била срушена, кога Хитлер наредил на воениот гувернер на Париз, Диуретих вон Чолтиц да ја уништи Ајфеловата кула, но генералот одбил да ја спроведе одлуката.

Loading...

Пе некои проценки скоро 250 милиони луѓе ја посетиле Ајфеловата кула откако е отворена. Околу седум милиони туристи годишно, што го прави најпосетуван споменик во светот.

Ајфеловата кула не е обоена само во една боја. На врвот има потемен, а на дното посветол слој на боја.

Кулата се префарбува на секои седум години и се трошат 60 тони фарба, 1.500 четки и работи тим од 25 луѓе.

Потребни се 20 илјади сијалици за да може да свети секоја вечер. Оваа работа бара тим од 43 луѓе, а тоа објаснува зошто бојата на сијалките се менува само во посебни прилики.

Eiffel-Tower-at-Night-Sparkling-5

На третиот кат се наоѓа еден стан, оргинално наменет за Густав Ајфел, како негова приватна одаја, но денес сите посетители може да влезат внатре и да го видат.

Ајфеловата кула и Mаргарет Тачер делат ист прекар – La Dame de Fer односно „челичната лејди“.

Виктор Лустиг, измамник го „продал“ објектот за старо железо и тоа два пати.

Loading...

Забрането е фотографирање на Ајфеловата кула во текот на ноќта. Дозвола за ноќно сликање мора да се бара од Друштвото за комерцијална експлоатација ан Ајфеловата кула.

Со оглед на тоа дека поголемиот дел од посетителите се одлучуваат за лифт, годишно горе-доле се минуваат 103 илјади километри, а тоа е исто како два и пол пати да ја пројдете целата планета.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.