Институт за војна: Русите ја менуваат тактиката

Сподели со своите пријатели

Руските сили продолжуваат да се борат со застарена опрема и недостиг на војници, додека изјавите на официјалните лица укажуваат дека можеби доаѓа втор бран на мобилизација, соопшти Институтот за војна.

Loading...

И британското Министерство за одбрана соопшти дека ја смениле тактиката бидејќи претходната се покажала неефикасна.

Британското Министерство за одбрана објави дека во последните три месеци руската армија престанала да се организира во баталјонски тактички групи (БТГ).

БТГ формираат помали единици, на пример оклопни, извидувачки или артилериски.

 

 

Имено, тие пишуваат дека од неколку причини оваа тактика не функционира во Украина.

Loading...

Затоа Русите ги реорганизираа преостанатите ресурси, материјални и човечки, во ад хок структури на низок морал и дисциплина, пишува N1 Загреб.

 

 

Институтот за војна, исто така, открива дека руските сили продолжуваат да се борат со застарена опрема и недостаток на работна сила, додека во исто време од Москва доаѓаат индиректни индикации дека може да има втор бран на мобилизација.

Независната истрага покажа дека Русија многу веројатно префрлила илјадници украински затвореници од окупираните територии во Русија, особено по повлекувањето од Херсон.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.