Индонезија собра 20 милијарди долари за да ја намали зависноста од јаглен

Сподели со своите пријатели

Индонезија, четвртата најнаселена земја во светот, собра 20 милијарди долари од богатите земји и меѓународни институции за да ја намали зависноста од јаглен и да постигне јаглеродна неутралност една деценија порано од очекуваното, беше објавено денеска.

Loading...

Меѓу земјите кои придонеле за тој инвестициски фонд во Индонезија се САД, Франција, Канада и Велика Британија, објави Белата куќа на маргините на самитот на Групата 20 индустријализирани и земји во развој во светот (Г20).

На индонезискиот остров Бали денеска почна дводневниот самит на Г20, а таа група ја сочинуваат САД, Русија, Кина, Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Турција, Канада, Мексико, Бразил, Аргентина, Индија, Јапонија, Јужна Кореја, Австралија, Индонезија, Саудиска Арабија, Јужна Африка и Европската Унија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци