Индиските здравствени власти отворија истрага за непознатата болест од која за време на викендот заболеа 140 лица

Сподели со своите пријатели

Официјални лица во Индија ги испитуваат причините за неидентификуваната болест што предизвика повеќе од 140 лица да се хоспитализирани за време на викендот.

Loading...

Пациентите, од Елуру до Андра Прадеш, имале широк спектар на симптоми: од гадење до напади и несвестица, велат лекарите за Би-Би-Си, кажувајќи дека многу од хоспитализираните заздравеле и брзо биле отпуштени.

Локалните медиуми велат дека пациентите биле подложени на тестови за коронавирусот и сите биле негативни.

Медицински службеник во државната болница Елуру за весникот „Индијан Експрес“ изјави дека „луѓето кои се разболеа, особено децата, одеднаш почнаа да повраќаат откако претходно се пожалиле на печење на очите. Некои од нив се онесвестиле или претрпеле напади“.

Сашко Димевски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *