Индија: Отказ за официри поради случаен проектил врз Пакистан

Сподели со своите пријатели

Индиските воздухопловни сили соопштија дека отпуштиле тројца офицери одговорни за случајно истрелување проектил кон соседен Пакистан во март.

Loading...

Официјалната истрага покажа дека „отстапување од стандардните оперативни процедури од страна на тројца офицери“ довело до истрелување крстаречка ракета кон Пакистан, се вели во соопштението на индиските воздухопловни сили, пренесува АП.

Ракетата лансирана на 9 март падна во источната пакистанска провинција Пенџаб и оштети зграда во станбена зона, а во инцидентот нема информации за загинати или повредени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во некои делови на Хавана протести поради прекини на струја

Пакистанските власти соопштија дека „невнимателно лансирање“ оштетило имот на теренот и ги загрозил цивилните животи и авионите во пакистанскиот воздушен простор, обвинувајќи ја Индија за „безобразност кон регионалниот мир и стабилност“.

Индиската армија тогаш објави дека случајно истрелала проектил кон Пакистан, нарекувајќи го инцидент „длабоко за жалење“.

– За време на рутинско одржување, техничка неисправност доведе до случајно истрелување на проектил – објави индиското Министерство за одбрана во март.

Индија и Пакистан водеа три војни од стекнувањето независност од британската колонијална власт во 1947 година, од кои две беа за спорната територија Кашмир.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што e тактичко нуклеарно оружје и што ако Путин го употреби?

Нивната заедничка граница има силно воено присуство на двете страни.

Loading...