Има спас!

Сподели со своите пријатели

Македонија се соочува со многу сериозна криза, доколку сите седнуваме со мирна и ладна глава ги анализираме работите, јас сум многу сигурен дека има излез од оваа тешка криза која може да ескалира и да заврши трагично со многу загуби, со многу жртви и со губење на сите шанси за влез во ЕУ и НАТО.

Зар се уште не му е јасно на овој напатен народ дека напредокот на државата ја кочат луѓе кои ги злоупотребија институциите на државата. Наместо да конкурираме во политиката со човечки вредности, со идеи за да сите државјани на оваа мала држава кои би се осеќале сигурни, лојални, богати и слободни, да бидеме пример на Балканот. За жал тука конкурираме со криминал кој колку е по ,,патриота” а во позадина ја крадат ја уништуваат, ја доведоа државата пред граѓанска револуција.

Дали некој граѓанин е свесен за последиците на таа револуција, тие ќе бидат жртви а не политичарите кои ќе гледаат сеир, јас не очекувам од политичарите да размислуваат, затоа што сум свесен дека на нив ич не им е гајле за можните жртви, на нив им е важно како да ја сочуваат фотелјата.

Народот треба да се рабуди, и да не биде жртва за поткусурување. Сите заедно треба да бараме одлложување на овие избори, формирање на експертска влада, формирање на специјален суд, расчистување со сите проблеми кои се како пречка за излез од кризата и како пречка за влез во НАТОи ЕУ и дури тогаш да се закажат нови избори во кои сите рамноправно ќе се натпреваруваме. Па кој ќе победи нека победи тогаш мора да се признава победникот. Вака само ќе ве лажат ќе ве држат во заложништво, на крадците оваа ситуација им одговара затоа што ако создаваме чисти и независни институции тие нема да можат да крадат.

Додека не одат во затвор сите оние политичари кои ја злоупотребиле државната фунгција нема спас. Мора да се направи декриминализација на државата, без тоа нема иднина.

Пишува: Аведин Зумбери


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.