Има само 3 години, а стана член на Менса (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Родителите на малезиското момче не биле изненадени кога нивниот син добил покана од Менса да им се придружи. Тие отсекогаш знаеле дека тој е посебен.

Loading...

Тригодишно момче од Малезија кое живее во Велика Британија стана најмладиот член на Менсеа, најголемата и најстарата меѓународна заедница на високоинтелигентни луѓе во светот.

Мухамед Хариз Наџим бил поканет да и се приклучи на организацијата откако зборувал со психолог и освоил 142 поени на тестот за интелигенција „Стенфорд-Бинет“, каде освоил просечна оценка од 99,7 од 100 поени, јави Си-Ен-Ен.

Тој е очигледно многу паметно момче и ние сме среќни што можеме да му посакаме добредојте – рече Џон Стивенџ, извршен директор на британска Менса.

За да може некој да стане член на британската Менса, тој мора „да покаже дека според коефициентот на интелигенција тој е во врвот од два проценти од светската популација“, велат тие на нивната официјална веб-страница.

Тестот на Менса, кој се прави под надзор, е создаден за деца постари од десет и пол години.

За деца под 10 години, потребна е посета на психолог, што го одредува нивниот коефициент на интелигенција.

Покрај психолозите, на одлуката да се покани Хариз во Менса значително влијаел и неговиот резултат на тестот Стенфорд-Бинет, кој се состои од комбинација на математички, јазични, мемориски и логички задачи.

Loading...

Мајката на Хариз, Нур Анира Асаикин, која работи како инженер во Дурам, Англија, вели дека нејзиното семејство знаело дека тој е специјален пред да го добие повикот за Менса.

Во дополнителното училиште каде одел на часовите за читање и математика во септември, Хариз бил пофален за неговиот извонреден напредок во двете области. Сепак, по сите други работи, тој е обично момче.

– Тој е повеќе или помалку типично тригодишно момче. Таа сака да слика и чита книги и сè во врска со уметноста. Особено ги сака Лего коцките и пластилинот. Ние сме горди на него и среќни за него. Тој не е добар само во академските вештини, туку и сака да игра, како и сите други деца. Знаеме дека во иднина општеството ќе добие многу од него – вели неговата мајка.

Leave a Reply