Има 32 години и 11 деца: Сега повторно е трудна (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Мајка на единаесет деца не го крие задоволството што е повторно бремена, само неколку месеци откако призна дека сака да го прошири семејството.

Loading...

Триесет и двегодишната Бритни Чрч пред нешто повеќе од една година роди тројки Оливер, Ашер и Абел – а сега го чека бебето број 12 со нејзиниот 29-годишен сопруг Крис.

Тие ја објавија среќната вест на Инстаграм, признавајќи дека „тоа на сите обично им го кажуваме, но сега решивме да почекаме“.

 

 

„Се плашев да се надевам“, рече Бритни, која сега е во седмата недела од бременоста и едвај чека да се сретне со најновиот член на семејството.

Таа исто така призна дека би ѝ било мило повторно да роди тројки.

Loading...

Покрај тоа, малку порано, кога рече дека сака повеќе деца, таа истакна дека би сакала да има барем уште едно девојче, пишува The Sun.

„Се надеваме на друго девојче. Мислам дека не би сакала да имам повеќе од 15 деца, но повторно – никогаш не помислив дека ќе имам 11 деца”, рече таа тогаш.

Бритни, која споделува детали за својот живот на социјалните мрежи, веќе неколку пати мораше да го брани своето семејство откако беше критикувана за бројот на деца.

И покрај тоа што луѓето мислат за неа, оваа мајка се колне дека нејзиниот живот не е бесконечен хаос и вели дека не се потпира на придобивките за да го издржува своето семејство.

Leave a Reply