Како се ближи времето на божиќни подароци родителите не штедат пари да ги израдуваат своите деца, но многу играчки, колку и да се убади можат не само да го затрупаат просторот, туку и умот на детето, предупредуваат научниците.
Дечињата се покреативни и подобро сезабавуваат со помал број играчки, сметаат експертите.
Алексиа Мец од Универзитетот во Толедо и нејзините голеги, ја проучувале врската помеѓу бројот на играчки и начинот на кој децата се играат, вклучително времето кое дете го минува играјќи се со одредена играчка. Во експериметот учествувале 36 деца на возраст од 18 до 30 месеци.
Loading...
Исто така, ја проучувале и детската креативност, како и способноста децата да замислат, помешу другото, детска кантичка како шешир.
Децата се играле во и во текот на првата игра во просторијата имало само четири играчки, а во втората 16 играчки. Кога во просторијатаимало 16, децата се играле користејќи повеќе играчки и минувалепомалку време со секоја поединечно. Меѓутоа, кога истите деца биле во просторија со само четири играчки, повеќе време посветувале на една играчка, нешто над 15 минути.
Експертите дошле до заклучок дека првите обиди за играње често се површни и едноставно, но кога детето ќе се заинтересира за одредена играчка, тогаш неговото внимание е насочено кон неа.