Илон Маск: Многу луѓе веројатно ќе умрат во освојувањето на Марс

Сподели со своите пријатели

Основачот на компанијата „Спејс-екс“, Илон Маск, рече дека еден куп луѓе најверојатно ќе умрат за време на обидот на човештвото да оди на Марс.

Loading...

Маск ја направи морбидната прогноза во обид да ги побие тврдењата дека неговите обиди да го освои Марс се всушност „опција за бегство на Земјата за богатите луѓе“.

„Може да умреш. Ќе биде непријатно и веројатно нема да има добра храна“, рече Маск пред Питер Дајмондс, основач на Фондацијата за награди Х за научни откритија.

Описот на патувањето до Марс треба да содржи дека тоа ќе биде „тешко и опасно патување од кое можеби нема да се вратите живи“, додаде американскиот милијардер.

„Искрено, еден куп луѓе веројатно ќе умрат на почетокот“, рече Маск, инсистирајќи на тоа дека тоа ќе биде прекрасна авантура и фантастично искуство.

„Не е за секого. Само волонтери!“, заклучи Маск.

Leave a Reply