И покрај загубата на мечот против ММА борецот Марјан Мишков од клубот ”Будо” од Велес, јас сум сепак задоволен од борбата на нашиот член Милош Велевски, вели тренерот на кумановскиот ММА Кик бокс клуб ”Куманово 2006”.
На меморијалниот ММА турнир што викендов во организација на македонската и хрватската ММА федерација се одржа во Велес под името ”Fight Night Champions”, кумановскиот ММА борач Милош Велевски го загуби мечот во категорија до 70кг борејќи се против борецот Марјан Мишков од клубот ”Будо” Велес
Во една тешка и неизвесна борба, нашиот член загуби на поени но ги доби симпатиите од публиката за неговата храбра борба. Јас како тренер на клубот сум за доволен од постигнатото и очекувам успех и во иднина.
На меморијалниот ММА турнир се одржаа вкупно 18 борби, при што настапија квалитетни натпреварувачи од Хрватска , Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.