ИХМЕ: Во САД до 1 април од последици од Ковид-19 би починале 502.000 Американци

Сподели со своите пријатели

Моделот за развој на епидемијата со новиот коронавирус на Универзитетот Вашингтон денеска предвиде дека до 1 април од последици од Ковид-19 ќе починат 502.000 Американци, што е за 37.000 помалку отколку што беше проекцијата пред една недела.

Loading...

Моделот на здравствениот институт (ИХМЕ) предвидува дека вакцината може да спаси 25.000 животи, а ако 95 проценти од Американците носат маски, бројот на смртни случаи би бил помал за 56.000 во однос на  „најизвесното сценарио“.

Но, доколку бидат намалени рестриктивните мерки, моделот предвидува 598.000 смртни случаи до 1 април.

– Влијанието на вакцината е големо, а според информациите на Фајзер и ФДА повеќе од 50 отсто од луѓето се заштитени по првата доза, а наскоро ќе се знае колку заштитуваат поголемите дози, се наведува во извештајот на ИХМЕ.

Моделот предвидува дека ќе се зачуваат 25.200 животи ако се пушти во оптек вакцината, а со брза дистрибуција би се сочувале 44.500 животи во споредба со сценариото без вакцина.

Марина Илиевска

Leave a Reply