Играчка за богатите: Електричните автомобили сѐ уште се тешко достапни за повеќето

Сподели со своите пријатели

Овој тип на возило сеуште има скромен удел во продажбата во земјите на ЕУ.

Loading...

Додека Европската унија забранува дизели и бензин, многу возачи во земји со понизок стандард, дури и оние кои сеуште не се членки на ЕУ, се прашуваат каква иднина ги чека.

Факт е дека електричните и приклучните хибридни автомобили, односно оние чии батерии можат да се полнат на полначи, имаат високи цени, така што тие претежно се привилегија на возачите во земјите на ЕУ со поголема економска моќ, како што се скандинавските земји.

 

 

Таму, учеството на продажбата на овој вид возила е значително поголемо отколку, на пример, во Хрватска или балтичките земји.

Анализата јасно покажува дека разликите во продажбата ја следат разликата во животниот стандард помеѓу земјите.

Loading...

Анализата на ACEA покажува дека постои директна врска помеѓу побарувачката за електрифицирани автомобили и бруто националниот производ (БДП) на земјата по глава на жител.

 

 

Ова значи дека цената е сеуште важен фактор за да се одлучи кој тип на автомобил да се купи.

Единствен исклучок од ова правило е Португалија, каде што пазарниот удел на електрични автомобили и приклучни хибриди достигна 13,6% во 2020 година, и покрај фактот дека таа земја е една од оние со релативно ниски просечни примања.

Во извештајот на ACEA се наведува кои земји имаат најголем број електрични и приклучни возила, како и БДП по глава на жител во 2020 година. Погледнете ја листата:

 

Loading...

 

1. Шведска – процент на електрични и приклучни хибриди 32,2 проценти, БДП по глава на жител 45.610 евра

2. Холандија – процент на електрични и приклучни хибриди 25%, БДП по глава на жител 45.790 евра

3. Финска – процент на електрични и приклучни хибриди 18,1%, БДП по глава на жител 42,940 евра.

Од друга страна, наведени се и земјите со најмал удел на електрични и приклучни хибридни возила:

1. Кипар – процент на електрични и приклучни хибриди 0,5%, БДП по глава на жител 23.580 евра

2. Литванија – процент на електрични и приклучни хибриди 1,1%, БДП по глава на жител 17.460 евра

Loading...

3. Естонија – процент на електрични и приклучни хибриди 1,8%, БДП по глава на жител 20,440 евра

 

 

Петте земји со најмала побарувачка за вакви автомобили, исто така, имаат многу малку полначи – секоја од нив има само по еден процент удел на полначи во споредба со ЕУ како целина.

Заклучокот е дека ако ЕУ сака електрична подвижност за сите свои членки, таа и производителите на автомобили имаат голема работа – да ги направат електричните автомобили подостапни … Засега, тие се претежно играчки за богатите.

Loading...

Leave a Reply