Идниот месец започнува реконструкцијата на делницата Куманово – Војник (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Реконструкцијата на делницата од Куманово до селото Војник на регионалниот патен правец кон Крива Паланка, ќе започне следниот месец, најави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Ејуп Рустеми, изврши увид на градежните работи на делницата од Куманово до Страцин.

Loading...

Како што посочи министерот веќе е избрана и фирмата изведувач и се очекува градежните работи да започнат наскоро.

 

 

– Веќе имаме избрана фирма изведувач, во фаза е изборот за надзор и очекуваме месец март да започне рехабилитацијата и на оваа делница, така да заедно со директорот целосно сме фокусирани на модернизација на овој коридор, рече Бочварски.

Целата инвестиција на патот од Куманово до Крива Паланка, како што изјави министерот Бочварски е тешка 13 милиони евра, а ќе бидат реконструирани 32 километри.

 

Loading...

 

Денеска увид владините претставници извршија на трасата од Куманово до Страцин, каде моментално се изведуваат градежните активности.

– Патниот правец од Куманово до Страцин се реализира во две фази. Инвестицијата е во вкупна вредност од 13 милиони евра, а предвидена е рехабилитација на делницата долга 32 километри. Тоа што е значајно е дека значително ќе ја подобриме безбедноста во сообраќајот на овој државен пат. Денеска се наоѓаме на трасата од втората фаза на која очекуваме забрзување на градежните работи за да може комплетно да биде завршена во оваа година, изјави министерот.

 

 

Патот стар три децении, ќе биде квалитетно рехабилитиран, вели директорот на ЈПДП Ејуп Рустеми.

Loading...

Делницата на која сега се изведуваат градежните работи, како што истакна директорот, е долга 16.64 километри и истата чини 7,2 милиони евра, пари обезбедени преку јавното претпријатие.

– Ќе се изврши рехабилитација на комплетната коловозна конструкција со асфалтирање на два слоја и санација на три моста и 10 плочести пропусти. Ќе се направи заштита на косини со армирано бетонски и габионски ѕидови, како и поставување на заштитна мрежа. Постоечката ограда ќе се замени со нова еластична одбојна ограда по МКСЕН стандарди, ќе се постави хоризонтална и вертикална сигнализација по целата траса, како и електрично осветлување на патот што поминува низ населеното место Страцин, изјави директорот Рустеми.

 

 

Во зависност од временските услови, според Рустеми, во наредниот период се планира асфалтирање, орапавување на постоечкиот асфалт, поставување на рабници и обележување на хоризонтална сигнализација.

Предвиден рок за завршување на рехабилитацијата на овој дел од магистралата е во август оваа година. Изведувач на градежните работи е Бетон, а надзорот е доверен на ГЕИНГ.

Инаку, патот Куманово – Крива Паланка е дел од Коридорот 8, чија доизградба и рехабилитација чини над 700 милиони евра.

Loading...

 

 

Текст/фото: Никола Ивановски

Leave a Reply