И во Куманово утре ќе се одбележи Денот на независноста

Сподели со своите пријатели

Големиот национален празник 8 Септември – Денот на независноста на Македонија утре ќе се одбележи и со настани во Куманово.

Loading...

Пред споменикот „Жена борец“ со почеток во 11 часот утре свежо цвеќе ќе пложат претставници на повеќе локални и државни институции, политички партии, здруженија и граѓани, а предвидена е и кратка културно-уметничка програма.

Настанот е под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, а во реализација на Фондацијата за култура и спорт.

Од 11 часот, како што информираат од Владата, сите заинтересирани бесплатно ќе можат да го посетат и Музеј Куманово како и неколку други музеи и наоѓалишта во државата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колкава е излезноста во Липково до 17 часот?

Никола Ивановски