И Твитер заинтересиран за купување на TikTok

Сподели со своите пријатели

Американската социјална мрежа Твитер ја известила кинеската компанија ByteDance дека е заинтересирана за купување на американското работење на TikTok, јавуваат медиумите.

Loading...

Платформата за објавување кратки видеа TikTok е во фокусот на жестоки дискусии и шпекулации за можно преземање во последните неколку недели, потсетува Би-Би-Си.

Инстаграм ја претстави својата верзија на ТикТок: Еве како функционира (ВИДЕО)

Минатата недела американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која им наложува на домашните компании да престанат да работат со „ТикТок“ во рок од 45 дена, поради наводна закана за националната безбедност.

TikTok се закани дека ќе покрене тужба, велејќи дека е шокиран од потегот на Трамп.

Во меѓувреме, неколку компании покажаа интерес за купување на „TikTok“, вклучително и „Мајкрософт“, а сега Твитер им се придружи како потенцијален купувач.

Тинејџер пали шума во Скопје и се фали на ТикТок (ВИДЕО)

Извори од Вол Стрит Журнал предупредуваат дека не е јасно дали Твитер има доволно пари за да го купи „ТикТок“ и дали може да склучи договор во рок од 45 дена.

Loading...

Точната вредност на американскиот бизнис на „TikTok“ не е позната и се проценува на десетици милијарди долари, додава BBC.

Пазарната капитализација на Твитер е околу 29 милијарди долари, во однос на 1.600 милијарди американски долари.

Претседателот на САД минатата недела рече дека ќе ги поддржи напорите на „Мајкрософт“ за купување на американскиот бизнис на „TikTok“ доколку државата добие „значаен дел“ од приходите од продажба.

Фејсбук станува „мрежа за старци“, пристигнува „ТикТок-от на Инстаграм“ како решение

Трансакцијата мора да биде завршена до 15 септември, во спротивно, забраната стапува на сила, истакна Трамп.

Експертите посочуваат дека продажбата на „Тикток“ на Твитер би вклучувала помалку регулаторен надзор.

Портпаролот на Твитер одби да коментира за евентуална трансакција и TikTok не одговориле веднаш на прашањата на BBC.

Leave a Reply