И претставници на Македонија во тимот на ОН во нуклеарката Запорожје

Сподели со своите пријатели

Конвој автомобили од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) утрово тргна од Киев кон нуклеарната централа Запорожје во југоисточна Украина, јавува Ројтерс повикувајќи се на сведок од местото на настанот.

Loading...

Не е познато кога мисијата на МААЕ планирала да стигне до најголемата нуклеарна централа во Европа, која сега е под контрола на руските сили.

Руската и украинската страна меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на областа на нуклеарната централа.

Постојаниот претставник на Русија во меѓународните организации во Виена изјави дека мисијата на МААЕ веќе отпатувала во регионот Запорожје, пренесува РИА Новости.

Агенцијата додава дека мисијата на МААЕ е придружувана од тим претставници на ОН.

Извори на ТАСС во ОН во понеделникот појаснија дека мисијата ќе влезе во нуклеарната централа Запорожје преку Киев и територијата под контрола на Украина.

Таму делегацијата се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Извор од ОН, запознаен со деталите на мисијата, изјави за ТАСС во вторникот дека во неа учествуваат претставници на десет земји: Албанија, Кина, Франција, Италија, Јордан, Литванија, Мексико, Полска, Србија и Македонија.

Loading...

Изворот објасни дека претставниците на Русија и Украина не се вклучени во мисијата, со цел да се обезбеди нејзината неутралност и непристрасност.

Тој, исто така, истакна дека инспекторите ќе се занимаваат со проучување на нуклеарната безбедност во електраната, но не и со политички и воени прашања, според ТАС С.

Мисијата на МААЕ е придружувана од тим од претставници на ОН, кои обезбедуваат помош само од аспект на логистика, патување до нуклеарната централа Запорожје и безбедност.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.