И официјалнo Марко Симоновски од Куманово преминува во МЗТ

Сподели со своите пријатели

Македонскиот репрезентативец, Марко Симоновски во новата сезона повторно ќе игра во дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако и официјално потврдија од клубот дека го потпишал договорот.

Симоновски беше во редовите на КК Куманово од средината на изминатата сезона, откако дојде од МЗТ, каде сега повторно се враќа, а во својата кошаркарска кариера има настапувано за Вардар, Работнички, Фени индустри и за австралискиот пвролигашки клуб Аркадија Лајонс.

Се очекува наскоро да се приклучи на тренинзите на репрезентацијата, откако ќе заздрави неговата повреда на ’рбетот.

Инаку, освен Симоновски, во претостојната сезона во КК Куманово нема да го гледаме ниту Вукашин Мандиќ, а за сега единствено сигурно е учеството на Бојан Трајковски кој вчера потпиша за уште една сезона во сино-белиот дрес на Куманово.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”big” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...