И Херсон и Запорожје ќе побараат од Путин прием во Русија

Сподели со своите пријатели

Властите на регионите Херсон и Запорожје ќе побараат од рускиот претседател Владимир Путин да размисли за прифаќање на тие региони во Русија по референдумот.

Loading...

„Ќе му се обратиме на рускиот претседател во следните неколку дена“, изјави за ТАСС Кирил Стремусов, заменик-претседател на воено-цивилната администрација на регионот Херсон.

Претседателот на движењето „Ние стоиме со Русија“, Владимир Рогов, исто така за ТВ каналот Соловиев изјави дека властите на регионот Запорожје ќе побараат од Путин да размисли за прифаќање на регионот во Русија по референдумот.

„Колку што го разбирам објаснувањето на процесот, барањето ќе биде разгледано во наредните денови“, прецизира Рогов.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин и Лукашенко утре на средба во Минск

Претходно, лидерот на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛПР) во Украина, Леонид Пашечник, најави дека подоцна денеска ќе подготви документ со кој ќе побара од Путин да го разгледа приемот на ЛПР во Руската Федерација.

Проруските власти во четири региони на Украина под контрола на Москва вчера објавија дека огромното мнозинство жители гласале за приклучување кон Руската Федерација, по пет дена гласање на референдумот што Киев и западните лидери го отфрлија како „фарса“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.