И докторите во чудо: Му израснал рог во предлот на вратот (фото)

Сподели со своите пријатели

Работам како лекар веќе четириест години и никогаш не сум се сретнал со нешто налик ова. Па ниту моите колеги. Никогаш не сум видел рог на вратот, а посебно не со таа големина. Неверојатно, вели д-р Вукоје Новак за порталот 24сата.

Loading...

Имено, минатата седмица во неговата ординација во Петроварадин во Србија, влегол пациент од Нови Сад (46), кој буквално го преколнувал докторот за помош. На вратот имал израсток од 12 см должина, и дебелина од 2,5 см.

 

 Šokirao doktora kada se pojavio u ordinaciji: Izrastao mu rog na vratu!

Сум видел рогови на чело и за нив имаме слушнато. Но рог на вратот е вистинска реткост во медицината. Беше толку голем што може да влезе во Гинисовата книга на рекорди, вели д-р Новак.

Лицето живеело со тој рог скоро две години.

Првин се работело за мал израсток со големина на лешник, кој после некое време нараснал. Пациентот мислел дека нешто го гризнало, па не придавал значење. Но, рогчето почнало интензивно да расте со големина која веќе била неподнослива. Каде и да се појавел, луѓето зјапале во него и го гледале како чудовиште. Од срам поради рогот, пацинетот го криел со шал кој го носел дури во лето.

Освен естетика, рогот на лицето му создавал здравствени проблеми со гушење, и неспиење бидејќи рогот можел да му го пресече вратот.

Loading...

 

 Šokirao doktora kada se pojavio u ordinaciji: Izrastao mu rog na vratu!

Иако операцијата била многу ризична бидејќи рогот се наоѓал блиску до нервите, како што пренесува 24сата, д-р Новак успешно ја завршил операцијата со помош на радиобранови.

Пациентот се опоравува успешно, вели д-р Новак, и пресреќен е што може да живее нормален живот.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.