И денеска многу топло, од недела услови за нестабилност

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе има зголемување на облачноста.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен, на места повремено засилен ветер од северен правец. Максималните температури ќе се движат од 27 до 39 степени целзиусови.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и многу топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец.

Температурата ќе биде во интервал од 15 степени во утринските часови до максимални 34 во текот на денот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поголема излезност во Куманово од минатите избори

 

Loading...

 

Како што додаваат од УХМР, утре ќе дува засилен североисточен ветер што ќе предизвика благо опаѓање на дневната температура.

Од недела во попладневните и вечерните часови ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

 

Никола Ивановски