И денеска локално услови за дожд и грмотевици

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и ретки грмежи, особено на југот и на истокот од земјава, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува повремено засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и во Пелагонија. Температурата ќе биде во интервал од 23 до 30 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме повторно услови за дожди грмежи во попладневните часови. Максималната дневна температура ќе изнесува 26 степени. Ќе дува засилен северен, односно северозападен ветер. Во текот на ноќта ќе има мало разведрување.

До четврток времето ќе биде променливо и посвежо со локални врнежи од дожд, претежно во јужните делови, проследени со ретки грмежи. Ќе дува и повремено засилен северен ветер. Од петок ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура.