И денес услови за слаб дожд, од утре настапува стабилизација

Сподели со своите пријатели

Во текот на денешниот ден ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди, но предпладне локално сеуште ќе има услови за слаб дожд, особено во крајните западни и источни планински предели, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти во интервалот од 6 до 13, а преку денот максималната вредност ќе се движи од 13 до 21 степен.

Во Куманово денес ќе имаме претежно облачно време со многу кратки сончеви периоди и ветер од север правец. Максималната дневна темепратура ќе изнесува 18 степени, а истата во текот на ноќта ќе се спушти до 6-от степен.

Од вторник ќе настапи период на стабилно и потопло време , освен во четврток попладне кога ќе има услови за локална нестабилна облачност сократкотраен пороен дожд и ретки грмежи.