И денес релативно топло време

Сподели со своите пријатели

Како што јавува Управата за хидрометеоролошки работи, времето во текот на денот ќе биде претежно сончево, со мала локална облачност  и со слаб ветер претежно од јужен правец.

Loading...

По одделни котлини ќе има услови за слаба утринска магла. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22 степени.

Во Куманвоо денес можеме да очекуваме сончево и тивко време. Денот ќе започне со температура од 2 степени над нулата, а во текот на денот максималната вредност ќе го достигне 17-от степен.

И утре не очекува сончево време со мала облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Наутро понекаде во котлините ќе има услови за појава на слаба магла.

До крајот на работната недела ќе преовладува релативно топло и стабилно време,по одделни котлини и речни долини со слаба утринска магла. За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со умерен, повремено засилен југозападен ветер и со повремени врнежи од дожд.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.