Хуманитарна акција на кумановскиот плоштад за донација на настраданите од поплавите (видео)

Сподели со своите пријатели

Хуманитарна акција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово е во тек на градскиот плоштад каде се собира вода, храна и хигиенски производи кои ќе се донираат на настраданиет во вчерашните катастрофални поплави воп главниот град.

Вво период од 14 до 19 часот органзииравме штанд на кој ќе собираме донации за оштетените луѓе од поплавите кои што го зафатија градот Скопје. Нашите штандови ќе бидат поставени во текот на денешниот ден и ја користиме оваа прилика да ги повикаме сите граѓани кои што се во можност да донираат вода или хигиенски средства кои ќе ги поделиме на настраданите семејства – изјави Никола Перовиќ, потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово

Инаку во помош заминаа и кумановските пожарникари, но и градоначалникот на Општина Куманово е на терен каде врши увид во настраданите подрачја по што ќе следува дополнителна помош.