Huawei сега има над 530 милиони активни корисници

Сподели со своите пријатели

Huawei ги објави најновите статистички податоци за AppGallery, што сега претставува срцето на екосистемот на компанијата.

Loading...

Услугата на кинеската компанија има повеќе од 530 милиони активни корисници, што претставува раст од 83% на годишно ниво во дистрибуцијата на апликации.

Овие статистички податоци беа објавени од Ричард Ју – извршен директор на Huawei CBG (потрошувачка деловна група).

Неговата компанија сега има и 2,3 милиони регистрирани програмери кои работат на мобилни апликации за AppGallery (ова е за 77% повеќе програмери отколку што имаше во 2019 година).

Huawei соработуваше и со локални и со глобални програмери, така што AppGallery сега има милиони корисници на 42 пазари, во пет региони.

Бројот на апликации оптимизирани за HMS Core се зголеми за двапати повеќе за една година.

Компанијата посочува дека учеството на толку многу програмери ширум светот е потврда за способноста на Huawei да поттикне иновации и да обезбеди подобро и поуникатно корисничко искуство.

Leave a Reply