Хрватска најлоша според излезноста на европските избори

Сподели со своите пријатели

Со излезност од околу 21 отсто, Хрватска, последната земја што ѝ се приклучи на Европската унија (ЕУ), е земјата чии гласачи беа најмалку мотивирани да ги изберат своите европратеници, пишува Франс прес, повикувајќи се на резултатите објавени од ЕУ утринава.

Loading...

На изборите за Европскиот парламент вчера излегоа само 21,34 отсто од хрватските гласачи, што значи помалку од секој четврти и помалку од европските избори во 2014 и 2019 година.

Претпоследна по слаба излезност е Литванија со 28,9 отсто од гласачите, а по неа е Бугарија со 31,8 отсто, наведува француската агенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ доби прво барање да одобри продажба на месо одгледувано во лабораторија

На другата страна на листата води Белгија со најголем одѕив во ЕУ со 89,2 отсто, по што следат Луксембург (82,3 отсто) и Малта со 72,8 отсто.

Франс прес потсетува дека меѓу земјите од ЕУ задолжително гласање е и во Белгија, Луксембург, Грција и Бугарија.

Агенцијата посочува дека Хрватска, од 3,8 милиони жители, испраќа 12 пратеници во Европскиот парламент, дека конзервативната десничарска Хрватска демократска заедница (ХДЗ) добила најмногу гласови со 34,6 отсто, обезбедувајќи шест пратенички места. На второ место се социјалистите СДП со четири пратеници и 26 отсто од гласовите.

Тогаш десничарското националистичко Движење Татковина (ДП) со 8,8 отсто од гласовите и левичарската еколошка партија Моземо (5,9 отсто) освоија по едно место, според официјалните податоци за изборите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ доби прво барање да одобри продажба на месо одгледувано во лабораторија

Во 2019 година ХДЗ и СДП имаа по четири пратенички места, а другите две партии не постоеја. Останатите места потоа отидоа на други партии.

Loading...

Хрватска никогаш не излегла масовно да гласа за европските избори, во 2014 година, една година по влезот во ЕУ, гласале 25,24 отсто од хрватските граѓани, а во 2019 година гласале 29,85 отсто од нив.

Франс прес посочува дека Хрватите штотуку ги завршија парламентарните избори и се враќаат на гласачките места на крајот на годината за да изберат претседател.