Хороскоп за сабота, 29 јуни

Сподели со своите пријатели

ОВЕН

Loading...

Зголемената активност на вашето сообраќајно поле е одраз на зголемениот обем на работа. Денеска ќе постигнете натпросечни резултати. Партнерот ќе ви приреди убаво изненадување денес. Кратко патување и романтични моменти за двајца. Нервозни сте, напнати поради преголемите обврски.

БИК

Денеска ќе можете да ја завршите целата работа на време. Ќе добиете големи пофалби од претпоставените и колегите. Ве очекува ново познанство, на пократки патувања. Ќе се најдете себеси како постојано размислувате за таа личност. Алергија. Обидете се да не се изложувате на премногу алергени.

БЛИЗНАЦИ

Искористете го денот за одржување на важни состаноци, бидејќи ќе блеснете на јавни настапи, говори и презентации. Денес ќе имате можност да флертувате на секој чекор. Лесно ќе одлучите со кого да излезете. Проблем со лумбалниот ‘рбет.

РАК

Проблематичен ден за разговори со претпоставените, а особено за изнесување на вашите идеи или приговори. Сокриј се и направи си ја работата. Овој ден ќе биде обележан со романтична вечер и убав состанок со партнерот. Вашата врска се подобрува. Намалете го внесот на слатки, килограмите лесно се добиваат.

Loading...

ЛАВ

Бидете внимателни со ризичните инвестициски одлуки. Денес, импулсивните заклучоци можат да направат повеќе штета отколку корист. Кризата на доверба меѓу вас и партнерот може да кулминира денес. Ситуацијата бара итен разговор. Се чувствувате одлично, полни сте со позитивна енергија.

ДЕВИЦА

Денес можете да постигнете успех преку јавни настапи и презентации, во преговори со деловни партнери. Одите до целта со вашите говорни вештини. Започнавте врска со личност која не живее во ист град и не ви е лесно. Слаба периферна циркулација.

ВАГА

Поради покажаната ефикасност и натпросечните резултати, наскоро може да очекувате покачување и награди. Ве очекува финансиски успех. Партнерот повремено изразува сомнеж и се обидува да ве контролира, па можна е дискусија. Главоболката ве мачи веќе некое време. Проверете го притисокот.

СКОРПИЈА

Скорпиите кои сакаат да направат промени во кариерата сега треба да преземат нешто. Период поволен за независност. Емоциите меѓу вас и вашиот партнер толку многу се засилиле што може да варираат од љубов до омраза. Болки во грлото, исфрлете ги ладните пијалоци, но и газираните.

Loading...

СТРЕЛЕЦ

Финансиски успех преку соработка со странство и работа во рамки на увоз – извоз. Можно е ненадејно патување. Партнерот покажува се повеќе љубомора, а вие тоа го доживувате како навреда. Денеска ве очекува жестока дебата. Потребен ви е одмор, релаксација.

ЈАРЕЦ

Денеска можете да дознаете нови вести на состанок со претпоставените. Наскоро ќе следи реорганизација која ќе ви донесе лична добивка. Односот со партнерот ви е стабилизиран и меѓу вас владее атмосфера на взаемна доверба и љубов. Опуштете се преку медитација или јога.

ВОДОЛИЈА

Ве очекува важен состанок со претпоставените и деловна понуда за значително да го проширите опсегот на должности. Напредување во кариерата. Главна тема на овој ден може да биде постигнување на заедничка цел со партнерот. Склони сте на вируси, инфекции.

РИБИ

Рибите кои се занимаваат со креативна професија или дизајн очекуваат одлични резултати и дополнително проширување на бизнисот. Финансиски успех. Краткорочните несогласувања ќе го обележат вашиот однос со партнерот. Некој ќе мора да се откаже. Добијте повеќе витамин Ц преку повеќе сокови.

Loading...