Хорор во Русија: Седумчлено семејство загина во пожар, меѓу кои и пет деца

Сподели со своите пријатели

Седумчлено семејство со пет деца загина во пожар во куќа во руската република Башкирија, јавуваат руските агенции.

Loading...

Пожарот зафатил дрвена двокатна зграда во која имало неколку станови, соопштија од итните служби, пренесува Интерфакс.

Од пожарот се спасени две деца. Таткото успеал да ги спаси, а потоа се обидел да ги спаси и останатите деца, но не можел да излезе од запалената куќа и починал.

При гаснењето на пожарот пронајдено е и тело на жена, соопшти прес-службата на Главната управа на Министерството за вонредни состојби во Башкирија.

Според првичните податоци, причина за пожарот може да биде краток спој или невнимателно ракување со оган.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

Башкирија се наоѓа во југоисточниот дел на европскиот дел на Русија.