Хорор во Конго: Најмалку десет луѓе загинаа во експлозија на бомба во црква

Сподели со своите пријатели

Најмалку десет лица загинаа, а 15 се ранети во терористички бомбашки напад за време на неделната црковна служба во источниот дел на Демократска Република Конго.

Loading...

Според поручник Аполо Мванамбока, претставник за безбедност во источно Конго, експлозијата се случила во црквата Спак во градот Касинди во провинцијата Северен Киву, во близина на границата со Уганда.

Очевидецот Јулиус Касаке изјави дека минувал во близина на црквата кога ја слушнал експлозијата.

Според него, луѓето од околните куќи втрчале во црквата за да им помогнат на повредените.

Портпаролот на армијата на Конго, Ентони Муалушај, изјави за Анадолу дека нападот најверојатно го извршиле Сојузничките демократски сили (ADF), терористичка група од Уганда, лојална на терористичката група ИСИС.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

Армијата во Уганда веднаш ги зголеми безбедносните мерки на границата и во околните места.

АДФ беше формирана во Уганда кон крајот на 1990-тите со главна намера да го собори претседателот. Тие беа поразени од војската на Уганда, по што припадниците на АДФ побегнаа во шумите на Конго, каде што нападнаа цивили.