Хорор во Австрија: Маж дрогирал девојче (13), ја силувал во тоалет во кафуле, а видеото го прикачил на интернет

Сподели со своите пријатели

Уапсен е мажот кој минатата недела користел дрога во кафуле во Австрија, а потоа силувал девојка (13) во тоалетот, соопшти локалната полиција.

Loading...

Одлуката за притвор ќе биде донесена денеска, пренесува Курир.

Тринаесетгодишно девојче било силувано минатиот викенд во тоалет на ноќен клуб во Винер Нојштад.

Според обвинителот, во случајот постои силно сомнение дека сторителот претходно мешал супстанци како нокаут капки во пијалокот на жртвата.

Брзиот наркотест направен врз жртвата бил позитивен.

Човекот грозоморниот чин на силување го снимил во тоалет и преку социјалните мрежи го испратил до голем број луѓе.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Актот е снимен и во тоалетот на ноќен клуб во близина на плоштадот Катедрала, кој преку социјалните мрежи бил испратен до поголема група луѓе.

Јавното обвинителство во Винер Нојштад започна истрага за силување и сериозна сексуална злоупотреба на малолетници и нареди објавување на сликите на осомничениот.

Loading...

Според информации од кафулето, девојчето наводно влегло во клубот со лажна лична карта.

Вработените од обезбедувањето тоа не го забележале при проверката.

По страшното злосторство, 13-годишното девојче било „исфрлено на улица“ и без јакна.