Холандија: Зголемен увозот на течен гас од САД и Русија

Сподели со своите пријатели

Потрошувачката на природен гас во Холандија е намалена за една четвртина во првите шест месеци, а увозот на течен гас од САД и Русија е силно зголемен, покажуваат податоците на заводот за статистика.

Loading...

Потрошувачката била околу 17,6 милијарди кубни метри, објави во вторникот заводот за статистика.

Големите потрошувачи во индустријата најмногу ја намалиле потрошувачката, за повеќе од 30 отсто.

Во нафтената индустрија е намалена за 59 отсто, а во хемиската индустрија за една третина.

Електраните потрошиле 28 отсто помалку гас отколку во првата половина на 2021 година.

Домаќинствата, пак, потрошиле 16 отсто помалку гас отколку во истиот период лани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Увозот на гас во периодот од јануари до јуни е зголемен за три отсто, а за петтина е намален извозот, се вели во извештајот на заводот за статистика.

Увозот на гас е намален за 10 отсто, но увозот на течен гас скокнал за цели 57 отсто во споредба со истиот период лани.

Loading...

Најголем дел од ЛНГ доаѓа од САД и Русија.

Увозот на ЛНГ во САД е речиси двојно зголемен во споредба со претходната година, на 4,1 милијарди кубни метри. Увозот на руски ЛНГ е зголемен за 35 отсто.

Увозот на гас преку цевководи од Белгија исто така е двојно зголемен, а количината на гас што пристигнува преку гасоводот од Британија е уште позначајно зголемена, за пет пати во однос на првата половина од минатата година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Социјалната мрежа на Трамп излезе на берза: Вреди осум милијарди долари

За четвртина е намален увозот преку гасоводи од Норвешка, покажуваат податоците на холандскиот завод за статистика.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.