Хезболах истрела неколку десетици ракети кон Израел

Сподели со своите пријатели

Либанското движење Хезболах објави дека истрела неколку десетици ракети кон северниот дел на Израел, како одговор на смртта на двајца цивили во јужниот дел на Либан, во напад за кој го обвинува Израел.

Loading...

Борците на Хезболах истрелаа „десетици ракети Катјуша“ врз северен Израел „како одговор на нападите на израелскиот непријател врз домовите на цивилите, особено за масакрот во Ханина и смртта на цивили“, се вели во соопштението на движењето.

Од почетокот на војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас во Појасот Газа на 7 октомври, секојдневно има размена на оган меѓу израелската армија и Хезболах.

Хезболах, кој има арсенал од ракети и прецизни ракети, цели на израелски воени позиции и локации во близина на границата, а Израел реагира со бомбардирање цели на либанска територија, главно на југ, вклучително и целни напади врз претставници на Хезболах и Хамас.