Хероин и амфетамин пронајдени во дом на кумановец

Сподели со своите пријатели

Во дом на 41-годишен кумановец полицијата пронашла хероин и амфетамин, по што на истиот му поднесе кривична пријава.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(41) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 17.09.2019 полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории на пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин и амфетамин.

Никола Ивановски

Leave a Reply