Хелсиншкиот комитет регистрирал 88 прекршувања на работничките права на текстилните работнички во ноември

Сподели со своите пријатели

Изминатиот месец Хелсиншкиот комитет регистрирал 88 случаи на прекршување на работничките права на текстилните работнички и поднел четири барања за вонреден инспекциски надзор во текстилни фабрики за прекршувања на работничките права на текстилните работнички. Во еден од случаите станува збор за неисплатени плати.

Loading...

-Работодавачот не им исплатил на работниците плати за јули, август, септември и ноември. Во два од случаите станува збор за неисплаќање минимална плата согласно со закон. Работодавачите во овие случаи на вработените им исплаќале пониски плати од законски утврдената минимална плата за септември и октомври. Во последниот случај, работодавачот склучил договори за вработување со своите вработени на скратено работно време од 4 часа, а вработените работеле полно работно време од 8 часа, се вели во извештајот за ноември од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Комитетот за сите наведени случаи иницирал постапки за вонреден инспекциски надзор пред Државниот инспекторат за труд.

Текстилните работнички, потенцираат од Хелсиншкиот комитет, и натаму остануваат една од најранливите категории граѓани чии работнички права се најподложни на прекршување за време на пандемијата предизвикана од КОВИД-19.

Од Комитетот апеклираат Државниот трудов инспекторат навремено и ефикасно да постапува по поднесените барања за инспекциски надзор, почитувајќи ги законските рокови за постапување и известување на подносителот на барањето од Законот за инспекциски надзор.

Славица Стефановска


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *