Харков бомбардиран неколку часа по посетата на германската министерка

Сподели со своите пријатели

Харков вечерва бил гранатиран, соопштија украинските власти, додавајќи дека нападот се случил неколку часа по посетата на шефицата на германската дипломатија, Аналена Баербок, на тој град во североисточна Украина.

Loading...

„Останете во засолништата. Окупаторите повторно бомбардираат!“, напиша регионалниот гувернер Олег Синегубов на социјалната мрежа Телеграм.

Новинар од Франс прес објави од местото на настанот дека слушнал неколку експлозии во градот, кој во последно време е релативно поштеден од руските напади.

Претходно, германската министерка беше во ненадејна посета на Харков.

На покана на нејзиниот украински колега Дмитро Кулеба, Бербок отиде во Харков каде рече дека украинското население може да смета на солидарноста и поддршката од Германија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија ја продолжува соработката со палестинската агенција УНРВА

Од безбедносни причини, нејзината посета била обелоденета додека министерката била во возот кој се враќал од Украина за Германија.

Многу западни лидери беа во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, вклучително и германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон.

Но, никој не замина толку далеку на исток каде што руските сили зазедоа делови од украинската територија.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.