Американскиот потпретседател Камала Харис се огради од неодамнешната изјава на претседателот Џозеф Бајден за потребата од промена на рускиот претседател Владимир Путин, објави Фокс њуз, велејќи дека тоа не е политика на САД.
За време на минатонеделната посета на Варшава, Бајден изјави дека Путин „не може да остане на власт“.
Јужна Осетија стравува: Тбилиси може да биде турнат во провокации
Белата куќа веднаш се обиде да ја разјасни изјавата, велејќи дека „поентата на претседателот е дека на Путин не треба да му се дозволи да ја користи својата моќ над соседите или во регионот“, и дека „не размислувал за промена на режимот во Москва“.
За време на интервјуто емитувано на мрежата МСНБЦ во средата, водителката Џој Рид ја праша Камала Харис дали се согласува Путин повеќе да не биде лидер на Русија.
Фокс наведува дека Харис првично го избегнувала прашањето, давајќи широк одговор, но водителката продолжила со истото прашање за Путин.
Откако ја објасни важноста на санкциите и притисокот врз Русија, Харис на крајот рече дека казнените мерки ќе останат во сила се додека траат злосторствата во Украина.
Потоа Рид го постави последното прашање:
„Немам среќа да ве натерам да кажете дали Путин треба да остане или не?
Харис конечно одговори.
„Да бидам многу јасна и прецизна. Ние не се занимаваме со промена на режимот и тоа не е наша политика. Точка“, рече Харис.